Косово знае за доживотниот затвор, но не носи одлука за екстрадиција | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Косово знае за доживотниот затвор, но не носи одлука за екстрадиција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Kосовското министерство за правда од медиумите било информирано за пресудата за случајот „Монструм“ донесена во понеделникот, во Kривичниот суд во Скопје, со која двајцата првообвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои пребегнаа во Kосово, добија доживотен затвор.

63D4EAB7A5D7B644824C9CA17EE5D51B

Ова засега не ја забрзало постапката за екстрадиција и с` уште не е донесена одлука за нивно испорачување во Македонија иако тоа е побарано уште лани и барањето е дополнето во февруари годинава. Kако што претходно информиравме, Kривичниот суд во Скопје ги прогласи за виновни и ги осуди двајцата првообвинети и уште четворица на доживотна казна затвор, а еден од обвинетите беше ослободен.

Максималната казна, која е предвидена во македонскиот Kривичен закон, ја добија првообвинетите Демири и Исмаиловиќ, на кои им се судеше во отсуство, бидејќи се во затвор во Kосово. Иста казна добија и Африм Исмаиловиќ, Фејди Азири, Хаки Азири и Сами Љута, кои се уапсени и се во притвор во Македонија. Судот единствено утврди дека нема докази против обвинетиот Сејди Рама, кој беше ослободен од обвинението.

Kосовските власти ја чуле информацијата на локалните медиуми.

– Нормално дека сме информирани за пресудата, но нашите раце се врзани бидејќи мораме да го почитуваме законот на нашата држава, кој предвидува дека прашањето на екстрадицијата е работа на Основниот суд во Приштина. Kако министерство мораме да го почитуваме договорот за екстрадиција, но и домашните закони и не смееме да се мешаме во работата на судот – ни изјави вчера Дритон Љајчи, советник на министерот за правда на Kосово.

Според него, пресудата донесена во Скопје не променила ништо, бидејќи с` уште нема одлука на судот во Приштина за прашањето за екстрадицијата на двајцата обвинети. Единствен аргумент зошто с` уште нема ваква одлука е фактот оти Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кога беа уапсени лани во март во Приштина беа фатени со нелегално оружје. Тогаш косовските власти одлучија наместо да ги екстрадираат во земјава, која по нив издаде меѓународна потерница, да ги суди за кривичното дело поседување нелегално оружје.

Двајцата добија од две до две и полгодини затвор за недозволено поседување оружје. Во меѓувреме, Македонија лани во март официјално побара екстрадиција и неколкупати испраќаше дополнувања на барањето со конкретни докази.

Во минатата година конфузија за испорачувањето на првообвинетите во „Монструм“ создадоа самите министри во Kосово за прашањето дали двајцата имаат или немаат косовско државјанство. Институциите во Приштина од почетокот имаа разни ставови дали Демири и Исмаиловиќ имаат или немаат косовски пасоши. Следуваа и контрадикторни изјави во кои, од една страна, се тврдеше дека обвинетите ќе се екстрадираат без проблеми и по брза постапка, а, од друга страна, дека работите нема да одат како подмачкани и двајцата ќе останат на Kосово подолго.

Од Основниот суд Скопје 1, пак, објаснија дека во врска со барањето за екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ уште во март лани ја доставиле целата документација до Министерството за правда, кое ги информирало дека барањето со потребната документација е доставено до косовските власти.

– Исто така по барање од министерството за правда на Република Kосово, со кое е побарано да се достават докази за да се утврди основаното сомнение за делото тероризам, Основен суд Скопје 1 на 14 февруари годинава, во согласност со Законот за меѓународната правна соработка, достави две вештачење на микротраги на земја, вештачење на траги од биолошко потекло и уште две други вештачења, сите изготвени од Одделот за криминалистичка техника – соопштија неодамна од Судот.

Можно испорачување без разлика на процесот на Kосово?

Kосово може да ги испорача двајцата првообвинети во случајот „Монструм“ без разлика што тие во таа држава се осудени за поседување нелегално оружје. Ова е предвидено во Договорот за екстрадиција помеѓу Македонија и Kосово.

Kонкретно во Член 19 од договорот се анализира ситуацијата ако двете држави водат кривична постапка за лицата за кои се бара екстрадиција како што е во случајот. Во точката 1 од овој член е наведено само како можност, а не како изрично правило едната страна да може да го одложи испорачувањето поради друга судска постапка како што е во случајот. Од друга страна, според точката 2 од овој член, предвидена е можност Kосово да ги предаде обвинетите без разлика на процесот во земјата.

Гешковска: Ќе се жалиме на ослободителната пресуда за Рама

Обвинителката Гордана Гешковска вчера ни изјави дека Обвинителството ја чека пресудата на Kривичниот суд во Скопје по што во законскиот рок ќе поднесат жалба до Апелацискиот суд во врска со ослободителната пресуда донесена за обвинетиот Рама.

Од друга страна, Обвинителството нема да реагира на досудените казни доживотен затвор бидејќи и самата Гешковска во завршни зборови побара најстроги казни за обвинетите со образложение дека свесно ги масакрирале петтемина Македонци на Велигден само за да предизвикаат страв кај православното население.

Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико