Косовската опозиција: Оставка на Мустафа или секојдневни протести
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Трите партии на парламентарната опозиција, на премиерот на Косово, Иса Мустафа, му поставија краен рок до 17 февруари да поднесе оставка, а ако тоа не се случи тие ќе организираат секојдневни протести, пишува приштинскиот весник „Зери.“
Опозицијата од Мустафа бара да до тој рок поднесе оставка и да распише предвремени избори.
Доколку Мустафа не поднесе оставка и не свика избори до 17 февруари, датумот кога навршуваат осум години откако Косово еднострано прогласи независност, опозицијата се заканува на секојдневни протести со цел да ѝ се изврши притисок на владата.
Член на раководството на ABK Мухарем Нитај, пак, вели за „Зери“ дека на владата треба да биде доволно да реагира по два масовни протести на 28 ноември и 9 јануари, и да сфати дека избори се единственото решение.