Косовската опозиција повторно фрли солзавец во парламентот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Пратеник од опозицијата во косовскиот парламент денеска фрли солзавец во парламентарната сала, што е втор таков инцидент за една недела, во знак на протест против договорот со Србија, постигнат со посредство на Европската унија.
Пратеничката Доника Када Бујупи од опозициската Алијанса за иднина на Косово активира солзавец, додека претседателот на парламентот се обиде да ја отвори седницата. Сите пратеници беа евакуирани.
Минатата недела граната со солзавец беше активирана од пратеникот на движењето „Самоопределување“ Албин Курти, кој подоцна беше уапсен, но по масовен протест на опозицијата повторно ослободен.
Извор: 24Вести