Косовската опозиција протестира на денот на независноста | Правдико

Правдико

   

Косовската опозиција протестира на денот на независноста

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата предупреди дека демонстрациите на опозицијата во Приштина би можеле да доведат до насилство и загрозување на безбедноста.

pristina-demonstracii

Косовската опозиција денес (среда, 17.02) во Приштина, кога се навршуваат осум години од прогласувањето на независноста на Косово, протестира против најавеното формирање на Здружението на српските општини и демаркацијата на границата со Црна Гора.

Полицијата претходно предупредија дека овој протест може да доведе до насилство и загрозување на сигурноста, без исклучување на употребата на огнено оружје.

“Врз основа на протестите што се случија во минатото и проценката на ситуацијата, косовската полиција има сознанија кои укажуваат на тоа дека за време на протестите некои поединци може да користат оружје што може да да предизвика насилство и да ја загрози безбедноста на граѓаните и припадниците на полицијата”, соопшти полицијата.

Прецизирано е како тоа би можеле да бидат различни видови на цврсти предмети, но ѝ “молотови коктели” и огнено оружје.

Препорачуваме

Партнери на Правдико