Косовската полиција од утре ќе почне да казнува возила со српски таблички | Правдико

Правдико

   

Косовската полиција од утре ќе почне да казнува возила со српски таблички

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од косовската полиција за Радио Слободна Европа (РСЕ) потврди дека од 22 ноември ќе почнат да изрекуваат казни за возачите кои управуваат возила со српски регистарски таблички. Изрекувањето на казните ќе започне наутро на 22 ноември по 08:00 часот.

Изрекувањето на казните е дел од одлуката на косовската Влада за пререгистрација на автомобили со нелегални српски регистарски таблички во РКС, Република Косово.

Мерката за предупредување трае до 21 ноември, по што ќе бидат изречени казните од 150 евра.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико