Правдико

   

Косовската влада доделува 219 илјади евра за семејствата на осудените за „Диво Насеље“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Косовската влада на својата денешна седница донесе одлука на семејствата на осудените во случајот во кумановското „Диво Насеље“ во Македонија да им исплати 219 илјади евра.

Според приштинската новинската агенција „Ботапрес.инфо“, средствата се доделуваат на семејствата на осудените за тие да ги покријат трошоците во судската постапка.

Премиерот Рамуш Харадинај даде објаснување дека за секое семејство се доделуваат по 10 илјади евра или вкупно 219 илјади евра. Истиот извор нагласува дека министерот за финансии на Косово, Бедри Хамза, изјавил дека средствата на семејствата ќе им бидат доделени веднаш.

K.М.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико