Косовски хакер поврзан со IS осуден на 20 години затвор во САД
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Хакер од Косово кој беше обвинет за кражба на лични податоци на стотици Американци за со нив да се користи ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава (IS), осуден е во петокот во САД на 20 години затвор.
Ардит Феризи е прогласен виновен дека на челник на Исламската држава во јуни 2015 година му предал список со 1.300 имиња на луѓе коишто работеле за американската војска и за владата.
Американското министерство за правосудство во соопштението објавено во петокот, се истакнува дека Феризи е пример за „сериозна и стварна опасност со којашто информатичкото пиратство и тероризмот ѝ се заканува на националната безбедност“.
Дваесетгодишен Фаризи кон средината на јуни годинава пред американскиот сојузен суд ја призна вината по обвинението за хакирање лични податоци на повеќе од илјади вработени во американската војска. Ардит Феризи, попознат во хакерските кругови како Th3Dir3ctorY, ја призна вината и за пристапување кон и за кражба на информациите од заштитен компјутер без авторизација, знаејќи дека тие планираат тоа да го искористат против тие лица да изведат терористички напади.
Ферези е уапсен од полицијата на Малезија кон средината на септември минатата 2015 година, по добиена информација од американските власти, кои го осомничија дека претходно во јуни незаконски прибавил лични податоци на повеќе од 100.000 американски државјани, војници и вработени во федералните служби.
Косоварот во Малезија влегол во август 2014 година за студирање компјутерски и форензички студии, и се верува дека е лидер на косовската хакерска група наречена Kosova Hacker’s Security (KHS).
Извор: Макфакс