Правдико

   

Косовски хакер пред судот во САД за испраќање лични податоци на ИД

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесетгодишниот Албанец од Косово, Ардит Феризи, обвинет за хакирање на личните податоци на повеќе од 1.000 американски претставници и испраќање на овие податоци на т.н. Исламска држава во Сирија, се појави пред федералниот суд во Вирџинија.

haker

Ова е негово прво официјално појавување во САД откако беше екстрадиран од Малезија, каде што во октомври минатата година беше уапсен по америчка потерница.

Феризи, за кој се верува дека е лидер на група хакери од Косово, влегол во компјутерски сервер на една онлајн продавница и ги украл личните податоци на 1.351 припадник на воениот персонал на САД, е наведено во тужбата, објави Ројтерс.

Во кривичната пријава се наведува дека Феризи тој список го доставил до припадниците на исламската држава, вклучувајќи го британскиот хакер Јунаид Хусеин, кој го сподели линкот до листата во коментар на Твитер на 11 август, во која е наведено: “Ново: Хакерската дивизија на Исламската Држава ги хакнала армијата и владата на САД.”

Феризиовата порака на Твитер и на други профили на Твитер поврзани со ИД покажуваат дека тој на т.н. Исламска држава им нудел да им направи компјутерска програма која ќе им овозможи да подигнат пропаганда „која не ќе може да се избриши“, наведено е во судските документи.

Еден американски функционер изјави дека Феризи е „прв случај од ваков вид“ кога неговото апсење беше објавено минатата година, но тој е еден од најмалку 79 лица кои американските обвинители ги обвиниле за кривични дела поврзани со ИД во изминатите две години, според Ројтерс.

Феризи наредниот пат ќе се појави пред судот во петок, а за таа прилика назначен му е преведувач на албански јазик. Доколку биде осуден, максималната казна може да биде 35 години затвор.

Партнери на Правдико