Косовскиот Парламент ќе расправа за Договорот за демаркација на границата со Црна Гора | Правдико

Правдико

   

Косовскиот Парламент ќе расправа за Договорот за демаркација на границата со Црна Гора

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

kosovo-parlamentПратениците на косовскиот Парламент би требало во четврток да расправаат за Договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Договорот за демаркација со Косово, на чија ратификација се противи косовската опозиција, е потпишан во август минатата година во Виена.

За негово усвојување во косовскиот парламент е потребно двотретинско мнозинство.

Овој Договор е исклучително важен за Приштина, бидејќи од неговата ратификација зависи кога Косово ќе ја добие визната либерализација.

Ратификацијата на Договорот требаше да се случи на 11 август, но беше одложена бидејќи во Парламентот беше фрлен солзавец.

Дел од опозицијата која се противи на договорот, најави протести.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико