Косовскиот парламент на 6 април ќе го ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора | Правдико

Правдико

   

Косовскиот парламент на 6 април ќе го ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 6 април Парламентот на Косово ќе гласа за договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Расправата по договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора се очекува да заврши следната недела, пишува во четвртокот весникот Gazeta Express.

Висок функционер изјави за весникот дека договорот за демаркација најверојатно ќе биде ратификуван од страна на парламентот.

Косово и Црна Гора го потпишаа документот кон крајот на август 2015 година, но поради несогласувања парламентот во Приштина досега не успеа да го ратификува.

“Во четвртокот пратениците ќе гласаат за ратификација на договорот за демаркација на границата со Црна Гора”, истакна изворот.

Ратификацијата на договорот е услов за либерализација на визниот режим за косовските граѓани. Се чини дека за ова прашање беше постигнат напредок по посетата на највисокиот американски дипломат Хојт Брајан Jи.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико