Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“ | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за случајот „Монструм“, изјави косовскиот премиер Албин Курти одговарајќи на новинарско прашање кога и дали Косово ќе ги испорача Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, осудени во отсуство на доживотна казна затвор за убиство на четирите деца и рибарот на брегот на Смилковското Езеро во 2012 година.

Курти на заедничката прес-конфернеција со премиерот Зоран Заев рече дека неговата влада од минатото наследила трагични случаи и тешки предмети.

„Но, има и други предмети, кои, според мое убедување, не се разјаснети до крај и за кои уште ја немаме целосната вистина. Заедно со премиерот Заев разговаравме дека имаме потреба, не само за поддршка, туку и за меѓународна помош, како би имало правда за двете земји, но и за жртвите, како правдата би дошла до крајот и да се најде вистината“, изјави Курти.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико