Косовското државјанство го откажале 38 илјади лица
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Косовското државјанство го откажале 38 илјади лица во периодот 2009 – 2017 година.
Како главни причини според косовските власти се политичките тензии, како и економската и социјалната состојба.
Според истите извори косовското државјанство го примиле 1.412 лица меѓу кои поголем број се Албанци, Турци и други националности.
Косовските медиуми нагласуваат дека најголем број на државјани од Косово го имаат откажано своето државјанство поради тоа што во одредени земји на Европа, како што е Германија при добивање на државјанство треба да се откажете од своето државјанство.
Извор: Макфакс