Ќотек за недисциплинираните ученици во училишта во Тексас
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Воведување ќотек како вид казнување за непослушните деца договориле три училишта во американската држава Тексас, објави британскиот весник „Индепендент“. Според информациите, се работи за училишта во кои учат деца од 4 до 18 години.
Детето ќе добие по еден удар за секое лошо однесување, на пример, ако не ги следи правилата во училницата или ако не ги слуша наставниците.
Кога родителите ги запишуваат децата, тие ќе бидат прашани дали се согласуваат да користат телесно казнување. Ќотек ќе добијат само децата чии родители се согласиле.
„Ако на родителот не му е пријатно, тоа е крај на дискусијата“, изјави надзорничката на училиштата, Мери Спрингс.
Оваа мерка ја предложи координаторот за однесување на училиштата, Ендрју Амаро. Тој се надева дека ќе биде поефективна мерка од казната.
Тој вели дека бил тепан како ученик и смета дека тоа функционирало кај него.
„Тоа беше брз одговор за мене. Знаев дека ако сум во неволја со наставник и ако не почитував, без разлика каков беше прекршокот, дека ќе добијам ќотек од директорот“, рече тој.
Само одредени вработени ќе може да ја спроведуваат мерката.
Националната Асоцијација на училишни психолози го дефинираат телесното казнување како „намерно предизвикување болка или непријатност и/или употребата на физичка сила врз ученик со намера да предизвика телесна болка кај ученикот за да го поправи или да го казни неговото однесување“.
Извор: Макфакс