Коцијанчич: Ако треба, ЕУ ќе помогне за специјалниот обвинител | Правдико

Правдико

   

Коцијанчич: Ако треба, ЕУ ќе помогне за специјалниот обвинител

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

maja-kocijancicЕвропската унија (ЕУ) ќе обезбеди секаква помош доколку е потребно за да се формира специјален обвинител, кој треба да ги истражи наводите што произлегоа од прислушуваните разговори, изјавила Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во одговор на прашањата на весникот „Вест“ дали се утврдени деталите за функционирање на специјалниот обвинител и дали се размислува и за варијантата да се назначи странец за специјален обвинител.

„Во политичкиот договор се вели дека до 15 септември 2015 година треба да има нов, специјален обвинител, кој ќе има целосна автономија да ги води истрагите што произлегоа од прислушуваните разговори. Специјалниот обвинител ќе биде назначен со договор од партиите потписнички на договорот. Партиите треба да се договорат за пристапот по кој ќе биде назначен специјалниот обвинител. ЕУ ќе обезбеди помош и советување доколку е потребно, вклучувајќи го и постојниот механизам за олеснување на ЕУ (работна група), но очекуваме од партиите да ги преземат неопходните чекори за соодветно спроведување на овој важен дел од политичкиот договор“, изјавила Коцијанчич за „Вест“.

На истите прашања од Амбасадата на САД во Скопје за весникот кусо одговориле дека „САД се инволвирани во процесот за решавање на политичката криза“.

Според Договорот од Пржино, до 15 септември треба да биде назначен специјален јавен обвинител кој ќе ги истражува наводите од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата, а во меѓувреме треба да се дефинираат изборот, овластувањата, ингеренциите, како и да се утврдат законските измени за негово назначување.

Извор: META.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико