Ковачевски во Брисел: Францускиот предлог во оваа форма е неприфатлив | Правдико

Правдико

   

Ковачевски во Брисел: Францускиот предлог во оваа форма е неприфатлив

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски истакна дека „ваков каков што е“, францускиот предлог е неприфатлив за нас.

Францускиот предлог, ваков каков што е, е неприфатлив е за мене, за Претседателот на државата, за Владата, за коалиционите партнери и за граѓаните, доколку се , ние сакаме да почнеме преговори во јуни. Никој не може без нас да направи ништо, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Брисел, по самитот ЕУ- Западен Балкан.

Тој потсети дека земјава е скоро 18 години кандидат за членство, а поминаа 21 година од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација и рече дека „Ова што се случува е сериозен проблем и сериозен удар врз кредибилитетот на ЕУ“.

„Губиме драгоцено време, кое реално го немаме на располагање. Северна Македонија и Албанија, но и регионот не смееме да дозволиме да тапкаме во место поради една земја членка, која едноставно не успеа да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат“, рече Ковачевски.

Инаку Премиерот Ковачевски пред заминувањето за Брисел порача дека нема да се прифати предлогот ако нема чиста формулација на македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет, како и вклучувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот откако ќе почнат преговорите меѓу Македонија и ЕУ. Тоа се клучните елементи, за „францускиот предлог“ да биде прифатлив за македонската страна, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук. Во меѓувреме, помалите коалициони владини партнери како ЛДП, Демократски сојуз и ДОМ најавија дека ако биде прифатен предлогот ќе ја напуштат владината коалиција. Синоќа во Скопје имаше и протест за неприфаќање на „францускиот предлог“ на стотина граѓани организирани преку Фејсбук. Насобраните сметаа дека предлогот е базиран на бугарските барања и е на штета на македонските национални интереси.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на Самитот ЕУ- Западен Балкан изјави дека днеска не е добар ден, бидејќи требаше да го започнеме пристапниот процес со две земји, но не можеме, затоа што една држава го блокира целиот процес на проширување, изјави денеска во Брисел

„Овој случај уште еднаш покажа дека консензусот е проблем при одлучувањето. Не можеме да продолжиме, затоа што една земја блокира“, потенцира Борел.

Борел притоа изрази незадоволство поради недостигот на напредок во решавање на спорот со Бугарија кој го кочи отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Тој истакна дека ЕУ мора да стори се за да го вклучи Западниот Балкан во „својот свет“, нагласувајќи дека тоа ќе може да се направи со покана на земјите од регионот да учествуваат на состаноците на министрите за надворешни работи на ЕУ и на други собири.

„Мораме да продолжиме да го спречиме гаснењето на европскиот пламен на Западниот Балкан“, потенцира Борел.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико