Ковачевски, Вучиќ и Рама на вонреден состанок: Утре претпладне финална одлука за учество на самитот во Брисел | Правдико

Правдико

   

Ковачевски, Вучиќ и Рама на вонреден состанок: Утре претпладне финална одлука за учество на самитот во Брисел

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил информираше дека денеска се одржал вонреден состанок на Отворен Балкан, а во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан.

„Заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел. Разговараме и за повеќе теми кои се важни за регионот и покренавме иницијатива за Агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан, која ќе овозможи дополнителен економски развој за регионот“ – информираше Ковачевски.

 

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико