Коѕиас идната недела на средби со Кери, Нимиц и со Ки-мун
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, в недела заминува на еднонеделна посета на САД, каде ќе има бројни средби поврзани и со македонско-грчките односи и со спорот за името.
Првата станица на Коѕиас ќе биде Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот државен секретар, Џон Кери, со кој се очекува да разговара за сите прашања од билатерален и меѓународен интерес, а не се исклучува можноста на агендата да се најде и спорот за името.
По Вашингтон, грчкиот министер ќе замине за Њујорк, на важни средби во Обединетите нации.
Коѕиас в петок, 24 април, ќе се сретне и ќе има разговори со генералниот секретар Бан Ки-мун, а потоа и со посредникот Метју Нимиц.
Средбата на Коѕиас со Нимиц и со Ки-мун се очекува да биде еден вид запознавање и претставување на позициите на новата влада, а пред Нимиц се очекува да биде претставена новата иницијатива и новиот момент во разговорите, односно преговорите за мерки за градење на довербата меѓу двете страни.
За време на посетата на Вашингтон, Коѕиас ќе се сретне и со советничката за национална безбедност, Сузан Рајс, и со бројни сенатори, додека во тек на целата посета ќе има средби и со претставници на грчката дијаспора и на американско-еврејски организации.
Извор: Мета.мк