Коѕиас пристигна во Македонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, денеска пристигна во Скопје.
Коѕиас ќе се сретне со целиот државен врв, но и со опозицијата, а главни теми се очекува да бидат мерките за градење доверба, како и сите теми од билатерален интерес, спорот за името и интензивирање на соработката.
Еднодневната посета почна со средба со неговиот колега Никола Попоски во Министерството за надворешни работи, по што се предвидени изјави за медиумите. По Попоски, Коѕиас ќе се сретне со вицепремиерот Фатмир Бесими, кој беше во посета на Атина пред две недели. Трет на списокот за средби ќе биде премиерот Никола Груевски.
Грчкиот министер ќе биде примен и од претседателот Ѓорѓе Иванов, а во текот на денот ќе има и работен ручек со Попоски.
Посетата на Скопје, Коѕиас ќе ја заврши со средби со лидерите на политичките партии, односно средба со првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
При посетата на Коѕиас се очекува да се објават мерките за градење доверба за кои двете страни дискутираат и преговараат неколку месеци.
Извор: Мета.мк