Коѕиас во јуни во Македонија | Правдико

Правдико

   

Коѕиас во јуни во Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ќе потсетиме кој има право на говор за Западниот Балкан во ЕУ, порача Коѕиас околу намерата да договори заеднички настан во Брисел со Бугарија и Романија.

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во јуни планира да ја посети Македонија, во рамките на својата турнеја низ земјите од Западниот Балкан, јави вчера агенцијата Мета. Коѕијас оваа намера ја најави во интервју за радиото Параполитика, истакнувајќи дека сака да покаже поактивна грчка политика на Балканот кој, според него, претставува сериозен извор на нестабилност.

„Изворот на нестабилност раѓа национализам, а национализмот може да создаде проблеми“, истакна Коѕијас. Тој подвлече дека Грција прави се’ што може да не стане дел од тој проблем што се создава, работи кон тоа да ги заштити нејзините национални интереси и посредувајќи во регионот да ги реши и грчките отворени прашања и отворените прашања на други држави во врска со ЕУ. Шефот на грчката дипломатија најави дека планира да ја засили соработката со Романија и со Бугарија и трите земји-членки на ЕУ да настапуваат заедно и со усогласени ставови, бидејќи сегашниот начин на кој постапуваат им дозволува на трети сили да имаат монопол над справувањето со регионот. Коѕијас размислува за ново тристрано сојузништво, преку кое со еден обединет глас ќе говори за ситуацијата околу Западен Балкан во рамки на ЕУ. Коѕиас спомена дека веќе разговарал со бугарската амбасадорка во Грција за можноста да се организираат средби меѓу грчкиот и бугарскиот шеф на дипломатијата и меѓу премиерите, како и за состанок на двете влади некаде во септември.

„Ќе ги оствариме сите овие контакти бидејќи имаме многу заеднички позитивни работи со што може да се решат постојните индивидуални проблеми и ќе се движиме во насока на создавање силна линија Бугарија-Романија-Грција за да потсетиме кој има право на говор во ЕУ кон Западен Балкан“, истакна грчкиот шеф на дипломатијата.

Доколку ја оствари посетата на Македонија, Коѕијас ќе биде вториот грчки министер за надворешни работи, по неговиот претходник, Евангелос Венизелос, кој го скрши речиси деценискиот мраз на избегнување на нашата држава. Венизелос беше во Скопје како претседавач со ЕУ минатата година, за време на грчкото претседателство. Ова е втор чекор на Коѕијас за поблиска соработка со македонската влада, по иницијативата за усогласување на листа на мерки за градење доверба и за топење на мразот меѓу двете земји.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико