Крај на даночните раеви во Европа | Правдико

Правдико

   

Крај на даночните раеви во Европа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската унија планира да ги принуди членките да ги објават деталите од договорот за даноците со големите компании и со тоа да стават крај на поволните договори, кои ги држат во тајност.

kluc-sef

Европската комисија претстави нацрт закон, со кој ќе се бара од членките „автоматска размена на информации за своите даночни решенија“, секои три месеци.

„Крајно време е повторно да се воспостави даночна рамнотежа и компаниите да плаќаат се што треба“, изјави комесарот за економија и финансии Пјер Московици.

Оваа одлука доаѓа откако се појавија наводи за поволни договори кои Луксембург ги склучил со претставништва на мултинационални компании во таа земја.

ЕК покрена даночни истраги против „Епл“ во Ирска, „Старбакс“ во Холандија и „Амазон“ во Луксембург, а ги истражува и даночните олеснувања во Белгија.

Новиот закон треба да го одобрат сите членки на ЕУ, а би можел да стапи во сила веќе до 1. јануари 2016 година.

Извор: Лидер

Препорачуваме

Партнери на Правдико