Правдико

   

Крај на швајцарската банкарска тајна за граѓани на ЕУ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европскиот парламент усвои позиција за договор со Швајцарија, која би ги отежнува граѓаните на ЕУ при прикривање приходи од даночните власти во банкарски сметки во земјата. Според договорот од 2018 година ЕУ и Швајцарија автоматски ќе разменуваат информации за банкарските сметки на своите жители.

shvajcarskata-banka-hsbc-obvineta-za-zatajuvanje-na-180-milijardi-evra-danok-227300

“Ние нема да дозволиме лица и компании да ги префрлаат своите средства со цел да избегнат плаќање данок. Кога луѓето вршат даночни злосторства, тие земаат од парите кои би можеле да одат за училишта и здравството. Крајот на банкарската тајна е многу важен чекор во оваа борба против даночните измами и за праведно оданочување “, рече известувачот Јепе Кофод.

Во мај 2015 година ЕУ и Швајцарија потпишаа договор за борба против даночните измами и даночно затајување. Информациите што ќе се разменуваат, вклучува не само приходи како камати и дивиденди, туку и биланси на сметките и приходите од продажба на финансиски средства. Договорот гарантира дека Швајцарија ќе почне да применува построги мерки еквивалентни на оние кои се во сила во ЕУ од март 2014 година.

Договорот, исто така одговара на глобалниот стандард за автоматска размена на информации за финансиските сметки на Организацијата за економска соработка и развој.

Извор: еМагазин

Партнери на Правдико