Кражба во катната гаража „Тодор Александров”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.ЈП „Градски паркинг – Скопје“ пријавило во полиција дека била извршена кражба во катната гаража „Тодор Александров“. Украдени биле 30 рачки за тешка пена и триесет главни приклучоци за хидрантско црево.
Крадецот, според МВР, откако влегол во гаражата, се упатил на вториот и на седмиот кат од гаражата, дошол до хидрантските шкафчиња, каде што со употреба на погоден предмет ги отворил и ги одзел наведените работи по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи противправна имотна корист од 750.000 денари. Се работи на расчистување на случајот.
Извор: Макфакс