Кражба во спортска обложувалница во Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вчера околу 20:45 часот на улица Натанаил Кучевишки, поточно во спортска обложувалница „Спорт Лајф“ непознато лице извршило кражба.
– Непознато лице маскирано со фантомка и со закана со пиштол од вработениот одзело 15.892 денари, по што го напуштило местото на настанот. Увид извршила увидна екипа – информира Министерството за внатрешни работи.
Додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на кривичното дело.
Извор: Нова Македонија