Правдико

   

Кражби во Тетово, украдени накит и пари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Разновиден златен накит, нараквици, прстени и друго, украдени се вчера во куќа на 63-годишен жител од тетовско Жеровјане. Засега непознати сторители ја скршиле бравата, влегле во куќата, целосно ги пребарале сите простории и од регал во една од спалните на вториот кат од куќата, поточно од украсно куферче, освен златен накит, одзеле женски часовник, бижутерија, 200 швајцарски франци.

jewellery_ornaments_pendant_gold_jwel_hd-wallpaper-1471830

Со одземеното, незабележани од никого, ја напуштиле куќата, противправно стекнувајќи имотна корист која се проценува на 180.000 денари.

Засега непознати сторители извршиле кражба и во станот на 31-годишниот тетовец Н.Ј, лоциран на улица 180 во Тетово. Откако целосно ја пребарале внатрешноста на станот, од комода во спалната соба одзеле околу 300 евра, а од дневната соба телевизор и лаптоп, по што незабележани се оддалечиле од станот. Извршен е комплетен увид и се преземаат мерки и активности за расчистување на кражбата.

Извор: Мета

Партнери на Правдико