Правдико

   

Критериуми за избор на најповолна понуда според Директивите на ЕУ за јавни набавки

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Доделувањето на договорите за јавни набавки од страна или во име на органите на земјитечленки мора да биде во согласност со начелата од Договорот за функционирањето на Европската унија (ДФЕУ), а особено слободното движење на стоки, слободата на основање и слободата на обезбедување услуги, како и начелата кои произлегуваат од тоа, како што се еднаков третман, недискриминација, заемно признавање, пропорционалност и транспарентност (ст. 1 од преамбулата на Директива 2014/24/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот за јавни набавки и за укинување на Директива 2004/18/ЕЗ во понатамошниот текст: Директивата).

Овие начела детално се спроведуваат преку прописите во областа на јавните набавки (директивите и нивните имплементации на национално ниво), кои се наменети да ги заштитат правата на економските оператори за пристап до јавните набавки. Прописите им оставаат слобода на договорните органи во многу аспекти кај подготвувањето и спроведувањето на одредена постапка за јавна набавка. Договорниот орган може да ја формулира тендерската документација на различни начини, приспособувајќи ја на конкретните околности и нивните потреби. Секогаш мора да се има предвид дека ефектот кој треба да се постигне е соодветно извршување на договорот во најдобрите можни пазарни услови.

Целото издание можете да го преземете ТУКА

Партнери на Правдико