Правдико

   

Кривичен без одлука, на судиите им треба повеќе време

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По поднесените предлози од страна на СЈО за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против повеќе лица опфатени во различни предлози, Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека сите предлози веќе се распоредени во работа пред Киривчните совети на овој суд и по истите се постапува.

– Со оглед на големиот број на предлози и лицата опфатени во нив, како и доказниот материјал приложен во предлозите, судиите кои постапуваат во советите вложуваат напори да донесат одлуки во законски предвидениот рок. Но, со оглед на фактот дека по донесување на одлуките, за сите предлози, истите треба прво да бидат писмено изработени и доставени до странките во постапката, по завршување на целокупната процедура, не може да се предвиди колку време може да трае – известуваат од судот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико