Кривичен суд ќе врши темелна дезинфекција на сите судници
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основниот кривичен суд Скопје, во правец на препораките на Владата и известувњето на Министерството за правда и Судскиот совет – судењата во Кривичниот суд за кои постојат услови за одржување да не се одлагаат, ги информира граѓаните дека денеска во 17:00 часот ќе се врши темелна дезинфекција на сите судници и останати простории во судот.
Вакви дезинфекции од специјализирана фирма ќе се вршат секој петок се додека постои опасност од ширење на вирусот, а во меѓувреме судските служби за одржување, согласно препораките, секојдневно ќе вршат чистење на судот по неколку пати во текот на работниот ден. Воедно сите судски полицајци и службеници кои имаат директен контакт со странките задолжително носат стерилни ракавици, а за странките се обезбедени средства за дезинфекција.
Како што информиравме и претходно, Кривичниот суд ќе продолжи со судење на сите расправи за кои постојат услови за нивно одржување се до добивање нови напатствија од Министерството за правда и Судскиот совет и испрати апел до странките и тие доследно да се придржуваат до препораките за заштита.
Извор: Макфакс