Правдико

   

Кривичен суд: Проблемот е отстранет денеска, АКМИС-системот функционира

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

АКМИС-системот за управување со судски предмети, од каде што се црпат информациите за неосудуваност на кандидатите, од денеска функционира, проблемот е отстранет и нема застој во работата, велат од кривичниот суд откако во петокот попладнето ја известиле ДИК дека не се во можност да издаваат потврди од кривична и казнена евиденција поради проблеми со системот.

„Во однос на наводите дека АКМИС-системот за управување со судски предмети не функционира и Основниот суд Скопје 1 Скопје не може да издава уверенија од казнена и кривична евиденција, ја известуваме јавноста дека во петок, 15.9.2017 година во попладенвните часови, е констатиран проблем со системот за што веднаш е известена компанијата задолжена за негово одржување, по што денеска во 11 часот проблемот е отстранет, системот функционира и нема никаков застој во издавањето на уверенијата од казнена и кривична евиденција“, соопштија од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Претходно ДИК информира дека дала насоки до општинските изборни комисии да не изготвуваат решенија за отрфлање на кандидатурите кои немаат потврда од кривичната и казнената евиденција од скопскиот кривичен суд сè додека не проработи системот на Судот, а кога ќе се оспособи системот и ќе може да ги добијат потврдите за неосудуваност, кандидатите веднаш да ги достават до надлежната ОИК.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико