Кривична и притвор за џебна кражба и извлекување пари од украдените банкарски картички | Правдико

Правдико

   

Кривична и притвор за џебна кражба и извлекување пари од украдените банкарски картички

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvrСВР-Скопје, Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција-Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против С.И.(35) од Скопје поради постоење основано сомнение дека извршил две кривични дела и тоа едно кривично дело ,,кражба“ (џепна) предвидено и казниво по чл.235 ст.1 и едно кривично дело „навлегување во компјутерски систем“предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РМ при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 31.000 денари, за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Имено пријавениот И.С. на 12.07.2016 година, во претпладневните часови , во автобус на ЈСП број 9 кој се обраќал на релација од Топанско Поле кон Бит Пазар, поточно од автобуската постојка на улица Цветан Димов до автобуската постојка кај Бит Пазар, искористувајќи ја гужвата и невниманието на оштетениот, со протнување на раката во десниот преден џеб од панталоните му го украл паричникот во кој имало лична карта, трансакциска сметка , банкарски картички од повеќе банки, електронска картичка од ЈСП и околу 490 денари. По извршеното кривично дело пријавениот во паричникот ги пронашол пиновите од две банкарски картички, и од банкоматот на Халк банка АД Скопје лоциран во Старата скопска чаршија извршил осум успешни трансакции при што подигнал вкупно 30.000 денари.

Од страна на полициски службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, превземени се мерки и активности при што врз основа на претходно поднесено барање од Халк банка АД Скопје подигнато е едно ЦД со снимен видео запис од безбедносните камери на нивниот банкомат во времето на подигање на парите и листинг со точното време на подигнување на парите од банкоматот. Од добиеното ЦД од страна на ЕУМНА при СВР Скопје изготвен е фото албум. Врз основа на претходно добиена наредба од Основен суд Скопје 1- Скопје , на 27.09.2016 година бил извршен претрес во домот на пријавениот И.С. при што не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела. По извршениот претрес пријавениот бил приведен во ПС ОН Бит Пазар и со истиот бил извршен разговор.

Инаку И.С. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје поднесени му се пет кривични пријави за сторени кривични дела „разбојништво“, „тешка кражба“ и „кражба“.
СВР-Скопје, Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција-Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против С.И.(35) од Скопје поради постоење основано сомнение дека извршил две кривични дела и тоа едно кривично дело ,,кражба“ (џепна) предвидено и казниво по чл.235 ст.1 и едно кривично дело „навлегување во компјутерски систем“предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РМ при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 31.000 денари, за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Имено пријавениот И.С. на 12.07.2016 година, во претпладневните часови , во автобус на ЈСП број 9 кој се обраќал на релација од Топанско Поле кон Бит Пазар, поточно од автобуската постојка на улица Цветан Димов до автобуската постојка кај Бит Пазар, искористувајќи ја гужвата и невниманието на оштетениот, со протнување на раката во десниот преден џеб од панталоните му го украл паричникот во кој имало лична карта, трансакциска сметка , банкарски картички од повеќе банки, електронска картичка од ЈСП и околу 490 денари. По извршеното кривично дело пријавениот во паричникот ги пронашол пиновите од две банкарски картички, и од банкоматот на Халк банка АД Скопје лоциран во Старата скопска чаршија извршил осум успешни трансакции при што подигнал вкупно 30.000 денари.

Од страна на полициски службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, превземени се мерки и активности при што врз основа на претходно поднесено барање од Халк банка АД Скопје подигнато е едно ЦД со снимен видео запис од безбедносните камери на нивниот банкомат во времето на подигање на парите и листинг со точното време на подигнување на парите од банкоматот. Од добиеното ЦД од страна на ЕУМНА при СВР Скопје изготвен е фото албум. Врз основа на претходно добиена наредба од Основен суд Скопје 1- Скопје , на 27.09.2016 година бил извршен претрес во домот на пријавениот И.С. при што не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела. По извршениот претрес пријавениот бил приведен во ПС ОН Бит Пазар и со истиот бил извршен разговор.

Инаку И.С. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје поднесени му се пет кривични пријави за сторени кривични дела „разбојништво“, „тешка кражба“ и „кражба“.

Препорачуваме

Партнери на Правдико