Кривична и притвор за мајка што си го удри бебето од земја | Правдико

Правдико

   

Кривична и притвор за мајка што си го удри бебето од земја

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ImageНа триесетгодишна скопјанка ѝ е одреден 30-дневен притвор, а против неа е поднесена и кривична пријава поради тоа што е осомниечна дека тешко го повредила своето 19-месечно дете, извести во неделата Министерството за внатрешни работи

Инцидентот се случил 31-ви август, околу 18 часот, на улицата „Аминта Трети“ кога осомничената идентификувана си иницјали А.Х., на 30 години од Скопје, започнала вербална расправија со нејзината свекрва и потоа во еден момент го зела нејзиното 19 месечно дете и почнала физички да го малтретира, удирајќи го со раце по главата и по телото, а во еден момент го кренала високо и го фрлила на земја. ‘

Настанот го забележал случаен минувач кој пријавил во Единицата за информации и команда при СВР Скопје, по што од страна на полициски службеници веднаш било излезено на местото и известена службата за итна медицинска помош, бидејќи било проценето дека детенцето не е во добра здравствена состојба.

По укажаната медицинска помош детето било пренесено на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде што било примено и задржано за натамошно лекување, по што подоцна било пренесено на Клиниката за неврохирургија каде му биле извршени потребните медицински испитувања, при што од страна на лекар специјалист неврохирург било констатирано дека детето има нагмечување на главата и потрес на мозокот.

По преземените мерки и активности на полициските службеници жената била приведена во полициска станица и со неа бил извршен разговор во која ги појаснила околностите на извршување на кривичното дело.

Од страна на ЕУМНА при СВР Скопје изготвена е фотодокументација за нанесените телесни повреди кај детето .

Од СВР Скопје, Единица за имотни деликти – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција „Центар, Бит Пазар“ до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против лицето А.Х.(30) од Скопје, поради основано сомнение дека извршила кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“ предвидено и казниво по член 201 ст.1 од КЗ на РМ. Од страна на СВР Скопје до Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје, исто така, доставено е известување за настанот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико