Кривична пријава за извршител од Штип за несовесно работење | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за извршител од Штип за несовесно работење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policijaСВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(41) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “несовесно работење во службата”  од Законот за извршување.

Во текот на месец март и април 2015 година во два наврати пријавената во својство на службено лице – извршител, несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања на тој начин што во извршна постапка за наплата на долг презела дејствија спротивно од Законот за извршување, односно наместо присилно наплатените парични средства по основ на правосилни и извршни пресуди против МВР на РМ,  директно да ги исплати на трансакциските сметки на доверителите,  истата врз основа на адвокатско полномошно ги исплатила на трансакциската сметка на адвокатот Н.Н. од Штип.

Со ваквата противзаконита активност пријавената му овозможила на адвокатот да се стекне со противправна имотна корист во износ од 198.454 денари.

Препорачуваме

Партнери на Правдико