Кривична пријава поради затајување данок и измама | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава поради затајување данок и измама

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Д.М.(36) од Куманово и ДПТУП „АРГО-ДД“ ДООЕЛ Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „оштетување туѓи права“, „измама“ и „даночно затајување“.

Во периодот од 2010 до 2014 година, првопријавената, како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, за да го одбегне плаќањето на закупнина на ДПТУГ „НЕО-КОМПАНИ“ ДООЕЛ експорт-импорт Куманово, и обврските по основа на Данок на додадена вредност кон Управата за јавни приходи, односно за да го спречи остварувањето на правата врз машини коишто биле гаранција за наплата на обврските кон ДПТУГ „НЕО-КОМПАНИ“ ДООЕЛ експорт-импорт Куманово и УЈП, презела дејствија со коишто извршила лажно прикажување и прикривање на факти, со што второпријавеното лице, станало несолвентно и со тоа било доведено во состојба на неможност да се исплатат обврските.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико