Кривична пријава против Бугарин за фалсификување платежни картички | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава против Бугарин за фалсификување платежни картички

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Отсекот за истраги на интернет и електронско плаќање во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за набавување средства за фалсификување и изработка на лажни платежни картички против бугарски државјанин, кој, според сознанијата на полицијата, поставувал скимер-уреди на банкоматите во Македонија.

– Ј.Ј.И. (29) од Република Бугарија во периодот од 12.2 до 24.2.2016 година неовластено набавил уреди за снимање банкарски податоци и банкарски податоци од вистински платежни картички и податоци за носителите на тие платежни картички. Тој четири пати поставил нелегална опрема за копирање податоци од платежни картички (скимер-уреди) на банкомати на домашни банки лоцирани во повеќе градови во Република Македонија, со цел да набави банкарски податоци од вистински платежни картички на македонски државјани и податоци за носители на тие платежни картички. Ниту една банка досега не пријави штета, велат од МВР.

Преку Секторот за меѓународна полициска соработка лицето било идентификувано и било потврдено дека тоа било приведено во 2016 година во Букурешт за исто дело по поставување скимер-уред на банкомат.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико