Кривична пријава против четири лица извршување тешки кражби низ Шуто Оризари | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава против четири лица извршување тешки кражби низ Шуто Оризари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за внатрешни работи Чаир до Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.И.(18) поради постоење основано сомнение дека сторил 17 кривични дела „тешка кражба“ казниви по чл.236 од Кривичниот законик, Ш.М.(26) поради постоење основано сомнение дека сторила 17 кривични дела „соизвршителство“ казниви по чл.22 од Кривичниот законик, С.И.(41) поради постоење основано сомнение дека сторил 16 кривични дела „прикривање“ казниви по чл.261 од Кривичниот законик и М.Б.(29) поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела „прикривање“ казниви по чл.261 од Кривичниот законик.

На 13 / 14.11.2020 година, првопријавениот А.И. заедно со Ш.М. извршиле 17 кривични дела „тешки кражби“ во патнички моторни возила низ населбата Шуто Оризари. Украдените предмети првопријавениот потоа ги продал на третопријавениот С.И., сопственик на отпад за секундарни суровини, и на четвртопријавениот М.Б. со што првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 83.300,00 денари, а причинил дополнителна материјална штета. Од страна на полициски службеници пријавените лица се лишени од слобода, а украдените предмети се одземени и се вратени на сопствениците.

Партнери на Правдико