Кривична пријава против директорот на ЈП „Водовод и канализација“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Синдикатот за туризам и стопанство поднесе кривична пријава за измама против директорот на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Александар Атанасов.
– Директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Александар Атанасов нема признаена диплома, т.е. сертифицирана диплома од Министерството за образование и наука со тоа докажува дека неговата диплома е невалиднаи и истиот не може да ја врши функцијата генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Ние поднесовме преку адвокатската канцеларија Давидовиќ до Основното јавно обвинителство една кривична пријава за измама, бидејќи дотичниот господин Атанасов иако знае дека неговата диплома е невалидна истата не ја пријавува во градот Скопје, кај градоначалникот Коце Трајановски и понатаму ја врши функцијата генерален директор на јавното претпријатие – изјави Дарко Димовски, од Синдикатот.
Извор: Нова Македонија