Кривична пријава против двајца дилери од Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Секторот за внатрешни работи Скопје до Основно јавно обвинителство поднесе две кривични пријави против 57-годишниот С.Т. и 27-годишниот И.В. двајцата од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија, информираат од полицијата.
При извршен преглед и легитимирање кај пријавените била пронајдена марихуана, додаваат од полицијата.
Извор: Макфакс