Кривична пријава против двајца полицајци за примање поткуп
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривична пријава за двајца полицајци за примање поткуп.
Според информациите, двајцата полициски службеници пред еден месец при вршење сообраќајна контрола побарале и примиле поткуп од физичко лице, во замена за неиздавање парична казна за поминување на црвено светло.
Имено, пријавените на 25.9.2022 при вршење на сообраќајна контрола на ул. Димитрија Чуповски во Скопје, од оштетениот Г.Ј. побарале и примиле поткуп за да не извршат службено дејствие кое биле должни да го извршат, односно за да не изготват прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.
Се работи за полициските службеници Б.В. и Х.З., вработени во СВР Скопје, против кои е покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката.