Правдико

   

Кривична пријава против две лица за измама при добивање кредит или друга погодност и помагање

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кичево поднесе кривична пријава против 47- годишниот М.Б. од село Аранѓел, кичевско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“ и против 39-годишниот Н.М. од село Шутово, кое исто така се наоѓа во околината на Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „измама при добивање кредит или друга погодност“, информираа од полицијата.

Настанот се случил во 2013 година информираат од МВР и додаваат дека пријавениот во месец јули 2013 година во МВР, Отсек за управни работи во Кичево поднел барање за издавање на уверение за жителство, при што во прилог доставил лажна изјава дека од Швајцарија се враќа да живее во Македонија. Потоа издаденото уверение за жителство, истиот го употребил во постапка идентификација на патничко возило „Пежо 405“, во Бирото за метeорологија при Министерството за Економија во Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила, додека второ пријавениот, пак , како што наведуваат од МВР му давал совети и му помогнал на прво пријавениот, при изготвувањето на лажната изјава за жителство.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико