Кривична пријава против две лица за тешки кражби
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против двајца битолчани, за сторени две кривични дела „тешка кражба”.
„На 13 мај годинава во продавницата на улица Битолска до Демир Хисар пријавените, со употреба на пригоден алат дејствувале врз влезната врата, влегле внатре и одзеле поголема количина цигари, ваучери за мобилен телефон, персонален компјутер и други предмети. Исто така, на 7.06.2018 година околу 1:00 часот во продавницата во село Сопотница пријавените на идентичен начин влегле внатре и одзеле персонален компјутер, пари, поголема количина цигари и батериска ламба“, соопшти МВР.
Со извршените кражби пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 295 000 денари.
Извор: Макфакс