Кривична пријава против две малолетни лица од Скопје за тешки кражби | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава против две малолетни лица од Скопје за тешки кражби

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

DSC_0027СВР-Скопје, Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција- Кисела Вода, Аеродром и Драчево по преземени мерки и активности поднесе кривична пријава против две малолетни лица на возраст од 15 и 16 години поради основано сомнение дека извршиле 15 кривични дела и тоа една ,,тешка кражба“, шест кривични дела ,,одземање моторно возило“ и осум кривични дела ,,кражби“. Освен малолетните лица со кривичната пријава опфатени се и К.Н.(21) за кого постојат основани сомненија дека е сторител на пет кривични дела ,,прикривање“ Г.К.(23) дека е сторител на две кривични дела, Д.К.(34), С.И.(18) и  Д.Т.(28) за кои постојат основани сомненија дека се сторители на по едно дело ,,прикривање“.

Малолетниците со извршивањето на кривичните дела, во временскиот период од 20-ти април па се до 06-ти овој месец, сите на подрачје на Аеродром, се стекнале со противправна имотна корист во висина од околу 343.000 денари.

Тешката кражба пријавените ја извршиле во ноќните часови, на тој начин што откако дошле до влез од зграда, каде бил паркиран моторцикл марка ,,Кивеј“ неприметени од никого со употреба на сила и погоден алат го исекле бројчаникот  ги споиле жиците, го стартувале и возеле, по што го оставиле кога им снемало бензин . Истиот со потврда е пронајден и вратен  на сопственикот.

Кривичните дела ,,одземање моторно возило“ ги извршиле, на тој начин што со употреба на сила го кршиле управувачот од моторциклите, потоа ги кинале жиците од контакт бравата, ги спојувале по што ги ставале во погон  и со возење се упатувале или во непознат правец или пак откако ќе им снемало бензин ги оставале на улица. Притоа двајцата првопријавени во три случаи одземените моторцикли, за многу пониски цени,  му ги ги продале на К.Н., а тој потоа на останатите пријавени лица, кои иако знаеле дека моторциклите се предмет на кривично дело односно украдени сепак ги купиле.

Кривичните дела ,,кражби“ двајцата малолетници ги извршиле повторно на ист начин односно со кршење на управувачот, потоа ги кинеле жиците од контакт бравата, ги спојувале по што ги ставиле во погон моторциклите  и со возење се упатувале во непознат правец. По извршувањето на овие кривични дела пријавените во три случаи се сретнале со К.Н. во населба Кисела Вода и  нему му ги продале моторциклите. По неколку дена истите моторцикли К.Н. им ги продал на Г.К. и на Д.Т., без никакви документи и без регистарски таблички.

Партнери на Правдико