Кривична пријава против еден од напаѓачите на екипата на А1он
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерот за внатрешни работи Агим Нихиу во четвртокот соопшти дека е поднесена кривична пријава против еден од напаѓачите на екипата на А1он, додавајќи дека СВР Скопје во наредните денови ќе поднесе кривична и против други лица кои се осомничени во случајот.
„Станува збор за нападот на новинарите А1он со можност во наредните денови кривичната пријава да се дополни со соодветни факти и докази во однос на другите осомничени во овој случај. Никој не е над законот, секој еден ден ќе сноси одговорност“, изјави Нухиу.
„Денешниот ден е важен за нас поради тоа што почнува една нова практика, МВР се става во заштита на уставните вредности во Македонија, а слободата на говорот и медиумите е една од темелните демократски вредности на Уставот. Ова е првпат МВР отворено да застане во одбрана на работата на новинарите и работата на ЗНМ, што нема поинаква цел отколку да ја промовира слободата на говорот и професионалното новинарство“, изјави претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.
Од СВР Скопје соопштуваат дека кривичната пријава е поднесена против против 37-годишниот М.К. од Скопје, кој се товари дека на 27-ми февруари, заедно со уште едно засега непознато лице, во централното градско подрачје со употреба на физичка сила нападнале и поврдиле двајца новинари од медиумот А1он.
Извор: Макфакс