Кривична пријава против генералниот директор на ,,ЕМО" | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава против генералниот директор на ,,ЕМО”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

е_3Поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела од кои две „лажно пријавување на кривично дело“, едно “несовесно работење во службата” и едно дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ф. (48) од охридското село Трпејца и З.Д. (44) од Охрид.

Прво пријавениот како генерален директор на АД „ЕМО“ Охрид, а второпријавениот како директор на погон, во текот на декември минатата година со пропуштање на должен надзор или на друг начин несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности, со што предизвикале штета на АД“ЕМО“ и се стекнале со против правна имотна корист од 600.000,оо денари. Истите во текот на минатата година, од филијалата на „ЕМО“ во Крушево примиле 100 килограми месинг кој не го пријавиле во службените евиденции.

Месингот потоа го продале во претпријатието за откуп на метални суровини ДООЕЛ „Вибел Експорт“ –Белчиша што исто така сметководствено и записнички не го евидентирале. Пријавените, кон крајот на минатата година, во СВР Охрид пријавиле кражба на околу 1500 килограми бакар. Лажното пријавување го направиле иако претходно со знаење на З.Д. бакарот бил продаден во претпријатието за откуп на метални суровини ДООЕЛ „Вибел Експорт“ –Белчиша а потоа препродаден на ДООЕЛ“Павор“-Скопје. За извршената продажба на месингот и бакарот, пријавените не составиле записник и не го пријавиле до надлежните служби во АД „ЕМО“.

Препорачуваме

Партнери на Правдико