Правдико

   

Кривична пријава против градоначалникот на Штип

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против штипскиот градоначалник Илчо Захариев (57) поради постоење основано сомнение дека ги злоупотребил службената положба и овластувањето. Според полицијата, градоначалникот на општина Штип склучил штетен договор со правното лице од Штип спротивно на законските прописи и без наведен основ за негово склучување.

„И.З. пребил наплатени парични средства во висина од 1.567.619 денари по основ на уредување градежно земјиште за парцела на улицата Гоце Делчев бб Штип од 2004 година и наместо да изврши наплата на парични средства во висина од 1.899.918 денари за уредување градежно земјиште за изградба на објект со локација во индустриската зона Запад во Штип (која во урбанистичките планови постои од 2014 година), пријавениот наплатил само 332.299 денари, со што ѝ нанел штета на општина Штип, а на правното лице му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 1.567.619 денари“, соопшти МВР.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико