Правдико

   

Кривична пријава против кумановец за производство и продажба на наркотици

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово против М.С. (39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 31.01.2018 година, по претходно издадена наредба од Основен суд Куманово, бил извршен претрес во домот на пријавениот. Притоа биле пронајдени една тегла со семки од марихуана со маса од 33,57 грама, една тегла и две тенџериња со раствор од наркотична дрога – хашиш смола со вкупен волумен од пет литри и 50 мл, едно најлонско пакување со наркотична дрога марихуана со маса од 1.40 грама, цврста материја со темно кафеава боја – хашиш со маса од 13,40 грама, едно капаче од шише и еден шприц со смолеста материја со темно кафеава боја со волумен од 11,5 мл. и едно капаче од тегла со остатоци од марихуана.

Од страна на судија за претходна постапка, на М.С. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико