Кривична пријава против лице од Прилеп поради закани кон кандидат за градоначалник | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава против лице од Прилеп поради закани кон кандидат за градоначалник

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Битола – Одделение за внатрешни работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Т. (27) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело„загрозување на сигурноста’, по член 144, став 4 од Кривичниот законик.

Имено, на 20.09.2021 во ОВР Прилеп Б.Ј. (51) од Прилеп пријавил дека на 19.09.2021, во периодот од 19.00 до 21 часот и на 20.09.2021, на социјалната мрежа „Фејсбук“ едно лице од свој профил преку три објави упатило закани кон пријавителот, како актуелен кандидат за градоначалник, и неговото семејство. Веднаш се преземени мерки и случајот е расчистен, односно поднесена е кривична пријава против Р.Т. до надлежното обвинителство во Прилеп.

Препорачуваме

Партнери на Правдико