Кривична пријава против лице што приредувало игри на среќа без лиценца
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полициската станица Тетово поднесе кривична пријава против Љ.Е. (23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела приредување игри на среќа без лиценца, односно без дозвола од надлежен орган, казниво по член 156, став 3 од Законот за игрите на среќа и забавни игри и кривичното дело комар.
Пријавениот во својство на физичко лице во текот на 2017 година, во објект наменет за спортската обложувачница на улицата 133 организирал и приредувал игри на среќа без лиценца. На 17.12.2017 година, од страна на полициски службеници при вршење на контрола во наведената спортска обложувалница, биле затекнати пријавениот и уште две лица вработени во објектот. Притоа биле одземени 14 компјутери, шест монитори за компјутер, пет печатачи, читач за опрема, 15 телевизори, апарати за игра со кучиња, шест тастатури за компјутер и 14 ливчиња за обложување игри на среќа. Исто така, при контрола во пултовите наменети како шанкови биле пронајдени 510 евра и 77.350 денари.
Извор: Макфакс