Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Лозово за злоупотреба на службената положба | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Лозово за злоупотреба на службената положба

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против О.Ц. (55) од село Каратманово, Лозово, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Во временскиот период од 1.9.2015 година до 29.3.2017 година пријавениот како градоначалник на општина Лозово во пет постапки за утврдување правен статус на бесправни објекти, и покрај тоа што знаел дека објектите не претставуваат градежна и функционална целина, донел пет решенија за утврдување правен статус на бесправен објект, со што им овозможил на сопствениците на објектите да стекнат правен основ за запишување на правото на сопственост на објектите во Агенцијата за катастар на недвижностите – Свети Николе, односно во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико