Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Неготино
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата поднесе кривична пријава против Ванчо Апостолов (54) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Според информациите од МВР, пријавениот во својство на градоначалник на општина Неготино на 11.1.2016 година склучил договор со Г.Н. од Неготино за процена на данок на имот за потребите на Општина Неготино, за што Општината ѝ исплаќала по 10.000 денари и персонален данок месечно, без притоа да спроведе тендерска постапка.
Договорот бил со важност до 31.12.2016 година, со што пријавениот го оштетил буџетот на Општина Неготино за 132.000 денари.
„Покрај ова, пријавениот не извршил исплата за надоместок за одржана седница на 12 советници, кои биле присутни на седницата одржана на 1.3.2013 година, а исплатил надоместок само на двајца советници во износ од 9.723 денари. В.А. спротивно на Законот за образованието овозможил В.Ј. да ја извршува функција вршител на должноста директор на ООУ ‘Гоце Делчев’ – Неготино од 24.9.2012 година до 18.11.2013 година“, велат од МВР.
Извор: Макфакс