Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Свети Николе
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Свети Николе, Зоран Тасев, за злоупотреба на службената положба и овластување.
„Во периодот од 01.04.2013 година до 31.10.2017 година пријавениот З.Т. (50) од Свети Николе, во својство на градоначалник на општина Свети Николе, ја злоупотребил својата службена положба на начин што дозволувал на физички лица во своите приватни патнички возила да наточат гориво на трошок на општината, а за да го оправда истото му наредувал на шефот на возниот парк Б.З. при плаќањето со Верна плус картичките од Општина Свети Николе лажно да го прикаже горивото дека било наточувано во службените возила на Територијалната противпожарна едниница-Свети Николе“, соопшти МВР.
Потоа пријавениот со својот потпис ги одобрувал издадените фискални сметки, со што го оштетил буџетот на општината за износ од 762.041 денари.
Извор: Макфакс