Кривична пријава против тетовец за киднапирање и напад на поранешната девојка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 21-годишен жител на тетовското село Порој, кој ја киднапирал и физички ја нападнал поранешната девојка.
„На 31.05.2018 година пријавениот заедно со 20-годишно женско лице од село Копанце, Јегуновце, со која претходно бил во љубовна врска, со возило, сопственоста на истиот, се упатиле од Тетово кон село Ѓермо, каде што, по претходна вербална расправија, истиот физички ја нападнал. Потоа, пријавениот се упатил кон Тетово, каде штто истата ја оставил“, соопшти МВР.
Извор: Макфакс